Mакедонски
Соочени со несекојдневните размери на кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 и свесни за длабоките економски, социјални и политички последици кои ќе го зафатат нашето општество, ја донесуваме
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА РЕГИОНАЛНА СОЛИДАРНОСТ
Последните триесет години, за најголемиот дел од населението на државите настанати од распадот на Југославија, биле обележани со националистички судири, масовни страдања, сеопшто осиромашување, приватизации на општествените и јавните добра, мерките на штедење, како и меѓусебните непријателства и конкуренција. Воведувањето на капиталистичките односи донесе деиндустријализација, продлабочување на класните нееднаквости, емиграција и депопулација. На ударот на неолибералните политики се најде и јавното здравство што резултираше со нарушување на стандардите на здравствената заштита и инфраструктурата, зголемување на личните трошоци за лечење, зголемен број на фатални исходи и конечно, масовна емиграција на здравтсвените работници и работнички.
Иако веќе три децении не сме дел од истата државна рамка, нашите општества делат голем број на социјални и економски проблеми. Пандемијата на КОВИД-19, како и мерките за нејзиното сузбивање, само ги забрзаа псотоечките процеси. Пандемијата ќе заврши, но нашите општества нема да повеќе да бидат исти. Глобалната економска депресија пред нас поставува два избори: или пасивно ќе го гледаме дополнителното намалување на животниот стандард и работните услови, како и зависноста од домашните тајкуни и странскиот капитал кои се заинтересирани исклучиво за извлекување на профитот или активно ќе се бориме за основните потреби на најголемиот број на луѓето. Таа борба не е можна без заеднички напори и регионална солидарност.
Регионалната солидарност која ја застапуваме се заснова на:
- Социјална правда и еднаквост
- Родна и сексуална рамноправност
- Национална и етничка рамноправност
- Зачувување на заедничката животна средина и нејзините ресурси
- Антифашизам
- Соработка и мир
- Емпатија и меѓусебна помош
Водени со овие принципи, ние, потписниците на оваа Декларација се обврзуваме дека, внатрешно во нашите општества, како и регионално, ќе се бориме
против:
- Уништување и запоставување на јавните и заедничките добра, како и кршење на севкупниот општествен интерес,
- Приватизација, маргинализација и комерцијализација на здравството, основното и високото образование и научните истражувања,
- Распродажбата на природните ресурси, стратешката инфраструктура, сообраќајната мрежа, енергетскиот сектор, урбаниот јавен простор и земјоделското земјиште,
- Должничкото ропство, како на нашите земји така и на нивните жители ,
- Предизвикување на судири, меѓунационална омраза и загрозување на добрососедските односи,
- Милитаризација и вооружување,
- Дискриминација на родна, сексуална, етничка, расна или верска основа, ксенофобија кон луѓето во движење, бегалците и мигрантите,
- Затворање на границите и подигнување на ѕидови и жици,
- Историскиот ревизионизам и јавна афирмација на поразените фашистички и нацистички сили и нивните соработници,
- Намалување, релативизирање и глорифицирање на докажаните масовни злосторства извршени над цивилното население.
Со отпор кон горе наведените политики и идеи, ќе се залагаме
за:
- Меѓусебна помош во случај на економски кризи, природни катастрофи и вонредни состојби на загрозеност на населението,
- Обнова и развој на јавното здравство како општествен приоритет кој подразбира секоја личност, без оглед на државјанството, да има слободен и бесплатен пристап кон квалитентна здравствена заштита,
- Обнова на стопанските и индустриските ресурси во јавна сопственост неопходни за општествен опстанок и напредок, од земјоделие, фармацевтски и медицински погони, рударство, изградба на станови, бродоградба до дигитална технологија,
- Заштита на природните ресурси и животната средина, како и вложување во обновливи извори на енергија во јавна сопственост,
- Обнова и унапредување на регионалната сообраќајна инфраструктура,
- Интензивна академска соработка од универзитетски програми до научни истражувања, здружување на истражувачките капацитети и размена на кадри,
- Работничко законодавство и работни услови кои ќе ги штитат работничките и работниците, а не профитот,
- Општествена, економска и политичка демократизација преку модели на партиципација и заедничко одлучување,
- Законска регулатива на општествената сопственост како и развој на самоуправните кооперативи,
- Слободно движење, населување, студирање и засновање на работен однос во рамки на земјите од регионот,
- Регионална соработка по прашањето на бегалците и мигрантите, правата на азил и населување,
- Сите службени и спонтани иницијативи на поврзување, соработка, мир и меѓусебно почитување помеѓу државите настанати после распадот на Југославија, како и со нивните соседи.
Иницијатори на Декларацијата за регионална солидарност:
Социјалдемократска унија, Србија
Левица, Словенија
Радничка фронта, Хрватска
Нова љевица, Хрватска